Ако не сте доволно вешти за вапсување јајца или пак сакате нешто ново и едноставно, ви нудиме неколку идеи, кои ги пронајдовме за вас.

Потребни ви се бели, тврдо варени јајца, самолеплив колаж, селотејп во разни дезени, двострана леплива трака, светки, маркери во разни бои, бои за вапсување јајца, светкави каменчиња, силиконски пиштол, двобоен конец или волница и др. што можете да го најдете дома, а да ви послужи за целта...

 

1. Со маркер во златна боја исцртајте кругови и други интересни мотиви или напишете имиња, некои пораки како „љубов“ , „среќа“ и тн.

2. Дајте им на децата маркери во разни бои и дозволете им да ја искажат својата креативност. Иако вам ви се чини дека се шкрабаници, сепак јајцата треба да се украсени според нивна замисла.

3. Од колажот или ако најдете друга самолеплива хартија, исечете цик-цак ленти и лепете ги околу јајцата, правејќи разни комбинации од дезените.

4. Купете селотејп во различни дезени и од него сечете парчиња, па украсувајте ги јајцата.

5. Од двострана самолеплива лента исечете фигури по ваш избор – на пр.крилја од пеперутка. Залепете ја фигурата на јајцето, потоа извадете ја хартијата од другата страна и тука налепете светки во разни бои. Со маркер исцртајте го телото од пеперутката и др. детаљи.

6. Ставете во прскалка растворени бои за вапсување јајца и дозволете им на децата да ги испрскаат по своја желба. Секако оваа активност најдобро е да се прави надвор, односно некаде каде ќе можат слободно да прскаат.

7. Со црн маркер исцртајте разни мотиви, како бројки, кругови, мрежа, точки...и т.н. Само за ова потребно е малку поголемо трпение и прецизна рака.

8. Ако децата можеа да цртаат со маркерите свои креации, можете и вие да ја искажете својата фантазија и креативност цртајќи срценца, пилиња и тн.

9. Многу едноставни, но впечатливи се јајцата врзани со двобоен конец, како подарок. За истата намена може да ви послужи и волница во различни бои.

10. Внесете малку сјај – светкави каменчиња во разни големини и форми залепете ги на јајцата со помош на силиконски пиштол.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2013/04/jajca{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.