Верувале или не, дури една петтина од луѓето не ја менуваат постелнината по цел месец, а околу еден процент никогаш не ги испрале навлаките. Кога е во прашање хигиената во спалната соба, жените се полоши од мажите.

Секој петти човек не ја менува постелнината секој месец, поради што ризикува здравствени проблеми како екцема, ринитис и астма, што го покажало истражувањето од британската компанија „Dunhelm Mill“ спроведено на група од 2000 луѓе. Шокантно е што околу еден процент луѓе, никогаш ги нема сменето чаршавите и навлаките!

Кога станува збор за хигиената во спалната соба, жените се поневнимателен пол, бидејќи половина од дамите не ја менуваат постелината секој викенд, а 12 проценти тоа го прави дури еднаш месечно. Околу 40 % мажи кои живеат сами ја менуваат постелнината еднаш неделно, а осум проценти од нив, уште почесто.

Стручњаците предупредуваат дека менувањето постелнина не е само прашање на хигиена, туку оваа навика влијае и на здравствените ризици и може да е причина за развој на бројни болести.

- Човекот во просек поминува една третина од животот во кревет, така што чистотата на постелата треба да ни биде подеднакво важна како и облеката која ја носиме – истакнува д-р Адам Фокс, стручњак за алергии, од Универзитетска болница во Лондон.

Тој објаснува и дека од нашето тело се лупат милион кожни клетки секој ден, а пуштаме и течности како пот и маснотии. Тоа ги привлекува грињите, чиј измет делува како алерген, што може да предизвика бројни здравствени компликации. Најчеста последица се астма, чести настинки и проблеми со кожата.

- Луѓето кои имаат проблеми со алергиите треба да бидат посебно ревносни во менувањето постелина- советува д-р Фокс.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.