Рибиното масло дава енергија која го стимулира брзиот пренос на импулсите од една до друга клетка уште откако ќе се родиме. Тоа дава брзина на мислата, овозможува полесно складирање на податоците во меморијата и повторно преземање на податоците во зависност од потребата.

 

За тоа дека рибиното масло може да ја подобри здравствената состојба на нашиот организам се знае многу одамна. Но, кои се неговите конкретни здравствени предности и својства?

Најзначајната состојка која рибиното масло го чини посебно корисно се омега-3-масните киселини, кои имаат особено поволно влијание на здравото функционирање на кардиоваскуларниот систем,на мозокот, даваат поддршка на имунолошкиот систем, делуваат антиоксидативно и го поттикнуваат метаболизмот на кожата.

Пред сé, рибиното масло е од голема полза уште пред да се родиме. Се препорачува и во исхраната на бремените жени заради одржување здрава бременост. Бројни научни испитувања покажуваат дека рибиното масло е особено значајно за развојот на мозокот на бебето. Постојат податоци за тоа дека децата, чиишто мајки консумирале рибино масло за време на бременоста како додаток во исхраната, имаат поголемо ниво на интелигенција и многу поретка појава на ментални недостатоци.

 Рибиното масло дава енергија која го стимулира брзиот пренос на импулсите од една до друга клетка уште откако ќе се родиме. Тоа дава брзина на мислата, овозможува полесно складирање на податоците во меморијата и повторно преземање на податоците во зависност од потребата.

Подобрување на мозочната функција

Омега-масните киселини од рибиното масло помагаат за нормално функционирање на мозокот. Утврдено е дека зголемен внес на рибино масло ги зголемува когнитивните функции и ги унапредува мисловните вештини. Со оглед на тоа дека рибиното масло помага во развојот на мозокот, тоа исто така, може да помогне на дечињата кои се соочуваат со проблеми/ пречки во учењето.

Зголемување на моќта на концентрацијата

Недостатокот на концентрација во која било активност може да го забави напредокот на детето. Голем број деца се соочуваатсо лоша концентрација во текот на учењето. Но, внесот на рибиното масло, според пропишани и препорачани дози, може да ги подобри концентрацијата и учењето кај децата.

Подобрување на помнењето

Утврдено е дека децата со послаба меморија може да имаат полза од земањето рибино масло како додаток во исхраната. Слабеењето на краткотрајната меморија ја смалува способноста на детето да помни важни информации и случувања. Ова, исто така, може да влијае на нивната способност за учење нови нешта. Истражувањата покажуваат дека исхраната која вклучува рибино масло може да ја подобри, односно зголеми функцијата на меморијата кај децата.Рибиното масло поволно влијаеи на видот, ги ублажува симптомите на бронхитис, бронхијална астма и разни кожни заболувања.

Дозирање на рибиното масло за деца

Во зависност од возраста на детето, се препишуваат соодветни дози. На пример, за деца помали од три години препорачана дневна доза е до 0,8 грама. Децата од 4 до 8 години би требало да земаат околу 0,9 грама дневно, а за децата од 9 до 13 години препорачана дневна доза е околу 1,2 грама дневно.За да немате дилеми дали вашето дете внесува доволни количини од ова масло со витално значење, потребен е внес на само 1 пастила дневно од новите витамини ВИТОСИ кои претставувааткомбинација на Омега-3 (рибино масло) и витамин Д3. ВИТОСИ се меки пастили за џвакање со вкус на портокал кои ќе го помогнат помнењето и концентрацијата, а со тоа и учењето кај дечињата. Наменети се за дечиња од најмалку 3 години и затоа не содржат шеќер, вештачки бои, глутен и лактоза. Имаат 100% природна арома и не оставаат непријатен вкус на риба во устата на дечињата. Затоа, ВИТОСИ се рибино масло кое децата навистина го сакаат.

На крајот да кажеме дека за внесот на рибиното масло кај дечињата е значајноконсумирање на соодветна исхрана која е богата со омега-3- масни киселини, како што се, на пример, свежите масни риби, скуша, туна или харинга. Но, за среќа,тука се и ВИТОСИ,особено за оние дечиња кои не сакаат да јадат риба, ниту го сакаат и прифаќаат вкусот на чистото рибино масло.

Мр.по фармација Гого Ацевски




 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.