Уписите во средните училишта наближуваат, а главна тема на разговор меѓу родителите и децата е секако кое школо да се избере. Тоа не е едноставно, а родителите треба да им овозможат на децата навремен пристап до вистинските информации кои ќе им го олеснат изброт.

Прво и најважно е да им се објасни каков е профилот на училиштето и какво знаење и вештини ќе стекне во него. Исто така детето треба да знае образованието кое ќе го стекне какви следни усовршувања и школувања ќе бара пред да може да почне да бара вработување.

Професионалната ориентација кај децата не се развива веднаш во осмо одделение, туку тоа почнува уште од градинка кога деца ја развиваат свеста за себе, своите способности, работни навики и интереси. Сепак осмооделенците чесно знаат да се посомневаат во себе, па тука е време родителот да се вмеша. Најдобро е заедно да ги посетат училиштата за кои тоа се двоуми во отворените денови и таму на лице место да соберат што повеќе потребни информации.

Според педагозите, добро е да ги имате во предвид следните насоки – ако ученикот покажува интерес за наука и култура, а има соодветен успех и сака да студира, добро е да се запише во гимназија. Учениците со голем интерес за администрација, техника, трговија, зависно од успехот препорачливо е гимназија или соодветно средно училиште. А медицината е соодветен избор за дете кое сака да учи биологија.

Најново на форумот

  • No posts to display.