Сите ги сакаат приказните поврзани со бременоста, особено оние смешните. Испраќањето на сопругот во два часот по полноќ во супермаркет да купи посебен вид сладолед или тегла кисели краставички, звучи смешно, но дали посебниот апетит за одредена храна е од „бебето“ или мајката сака да јаде посебен вид храна во необично време?

Некои жени тврдат дека никогаш немале посебни желби, додека други откриваат дека имале сериозен проблем со исхраната. Правилото „јади што сакаш, кога сакаш“ кое некои трудници го практикуваат е всушност недостаток на телото за одредени хранливи состојки, што е резултат на предходно држени диети или строги правила во исхраната. Така наместо овошје и зеленчук, најчесто трудниците имаат посебен апетит за храна богата со јаглехидрати, најчесто брза или храна богата со масти и шеќери. Па така посебната желба за чипс или кисели краствички најчесто е поради недостаток на натриум (кој е главна состојка во солта) во организмот.
Дали само солта е причина за појава на посебен апетит во бременоста?
Во бременоста во организмот се задржува повќе вода, па јадењето солени јадења може да доведе до поголемо покачување на килажата, од предвидените 8-10 кг., секако зависно од телесниот тип на трудницата. Како и да е постојат медицински теории според кои поради задржувањето на поголема количина вода во организмот во тек на бременоста, посебниот апетит доаѓа од лош баланс во одност вода-натриун. Особено во првото тромесечие, кога нивото на прогестерон е повисоко, доаѓа до полесно исфрлање на натриумот од организмот преку уринирање, па телото бара начин како да го надомести. Ова е една од теориите.
Трудниците кои страдаат од утрински мачнини исто така страдаат од недостиг на натриум. Но за да не дојде до ненормално покачуваљње на телесната тежина, гладта за сол задоволете ја со некои здрави солени крекери, наместо мрсен чипс. Периодот кога хормоните ќе полудат олеснете си го и со тоа што нема да држите дома резерви од вакви нездрава храна.
Но, сосема е можно да сте една од трудниците кои немаат посебен апетит за било која храна. Некои жени чувствуваат аверзија кон одредена храна и добро е да го слушаат своето тело. Сите тие се знаци кои ви укажуваат дека имате недостиг од некој важен нутриент, за што може да се посоветувате со својот лекар.  

Најново на форумот

  • No posts to display.