Хармони, пренаталниот тест е неинвазивен ДНК тест за утврдување на ризик од Даунов синдром, со голем процент на точност, а предноста во однос на инвазивните методи како амниоцентезата е што е едноставен и овозможува рано тестирање уште во десеттата недела од бременоста, без разлика на возраста на родилката.

Најважно е што не преставува никаков ризик за бременоста. Со овој едноставен тест преку крв кој се темели на анализа на феталната ДНК може да се утврди и полот на детето, ризик од трисомија 18 и 13, како и аберација на половите хромозоми. Тестот е прикладен за едноплодови или близначки бремености без разлика дали настанале по природен пат или со некоја метода за потпомогнато оплодување.
Познатот британски гинеколог проф.д-р К.Николадес го вовел во пракса во Фетал медицинскиот центар во Лондон, едно од најреферентите места за фетална медицина во светот.
Овој тест моментално се користи во над 90 земји во светот и е многу популарен па се поставува прашањето дали ова ќе значи за амниоцентезата, како еден од инвазинивите и ризични методи за утврдување на хромозомските пореметувања, заминување во историјата ?

 

Најново на форумот

  • No posts to display.