Драги идни мамички, еве неколку совети за вас кои се‘ уште се активни. Веројатно некои од нив еќе ги практикувате, но не е лошо и нешто ново да научите.

- Избегнувајте продукти како школки, паштети, јајца, меки сирења и месо кое не е доволно термички обработено.

- Кажете им збогум на цигарите! Повеќето трудници уште на почетокот од бременоста едноставно се згадуваат до цигарите, бидејќи хормоните им прават бура во организмот и прават таков ефект. Но, доколку тоа не е случај со вас, обидете се да ги оставите цигарите бидејќи со тоа не правите ништо добро за своето бебе. Ако тоа ви е проблем пробајте да ги сведете на иниум и тоа се‘ до после доењето.

- Пијте многу течности бидјеќи на тој начин ќе го поттикнете својот метаболизам. Овошните сокови како и млекото се здрави. но можат да ви донесат вишок килограми. Денес во продавниците можат да се најдат природни овошни сокови без шеќер, но и тие треба да се пијат умерено. Најдобро е да пиете чаеви и тоа различни видови, бидејќи ист вид чај пиен во голема количина може да предизвика контраефект. Во секој случај внесувајте течности и бидете умерени.

- Бидете внимателни со домашните миленици, за да не дојде до инфекција. Тоа не значи дека треба да бегате од нив и дека не треба да ги помилувате особено ако имате во својот стан, но задолжително потоа измијте ги добро рацете.

- Кога ќе забремените стомакот почнува да расте дури по одредено време, но повеќето трудници веднаш одат во купување на трудничка облека. Не го правете тоа, освен со градникот. Градите почнуваат да растат веднаш, па затоа носете соодветен градник, за да го спречите опуштањето на градите. Секогаш купувајте удобни градници, нежни за кожата, да имаат широки прерамки и да се изработени од мек растеглив материјал и да ви одговара. Пред се‘ бирајте памучни градници како и долна облека, бидејќи е најздрав, а избегнувајте синтетика.

- Што побрзо воспоставете врска со вашето бебе уште кога ќе дознаете дека сте бремена. Кажувајте му „ние двајца сме тим„, така ќе стекнете самодоверба и мир. Нероденото бебе сака лулање во лулашка т.е во прегратката од идниот тато.

- Обратете внимание на вашите стапала кои стануваат малку поголеми во бременоста бидејќи сега носат поголема тежина. За да не дојде до проширени вени задолжително прошетајте или лесно возете статичен велосипед. Најважно е да носите удобни обувки, повремено замолете го партнерот да ви ги измасира стапалата со некој освежителен гел.

- Повеќето трудници се прашуваат дали и понатаму се привлечни? Секако дека да, но сега треба без срам да ја покажете својата потреба за љубов, бидејќи повеќето мажи очекуваат да им дадете некаков знак. Тоа и правете го, размазете се во прегратката на вашиот сопруг каде може да дојде и до нешто повеќе, но бидете и малку егоист во тој поглед, па повеќе удоволете си себеси, отколку нему.

- И на крај ви советуваме да не слушате приказни од некои жени кои го прераскажуваат своето тешко породување. Избегнувајте ги бидејќи тие прават таква приказна за да си олеснат себеси, а не вам.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.