Додека трудниците кои го очекуваат бебето во летните месеци посебна грижа мораат да посветат на заштитата од високи температури, да се чуваат од сонце и жештина, зимските трудници треба да си го зајакнат имунитетот за да се одбранат од вообичаените сезонски настинки, особено грипот, а секако и да го ограничат шетањето по ладно, мраз и снег.Правилната исхрана и одморот се исто така совет кој не смеат да го заборават.

 

Умерена активност во зима

За секоја трудница во било кое годишно време важи правилото дека ако нема здравствени проблеми и ако не одреди лекарот поинаку, од моментот кога ќе дознае дека е трудна па до крајот на второто тромесечие од бременоста најчесто може да продолжи да живее како и порано, но важна е умереноста во сите активности, од обичната прошетка до вежбањето. Но во случај да има било ккави компикации во бременоста задолжително морате за се‘ да се консултирате со лекарот. Ако бременоста помине во ред, физичките активности нема д ви штетат во најубавиот животен период и очекување на доаѓањето на бебето на свет, но сепак внимавајте, во ништо не претерувајте. На пример активност може да ви биде ако наместо лифт да користите скали. Но шетањето по мраз или чистење снег секако не доаѓа во предвид. Секоја зимска активност која носи ризик од пад, како што е скијање, хокеј на мраз, лизгање или санкање, треба да се избегнува.

 

Повеќеслојна облека, удобни обувки

Трудниците во зима знаат да претеруваат во облекување, особено во напредната бременост. Тогаш не е лесно да се снајдете со повеќе слојната облека маици, џемпери, пантолони, јакни, шалови и др. но со облеката мора да се заштитите од ладното, а при тоа да го сочувате своето и здравјето на бебето. Од можните падови заштитете се со удобни чизми со гумен ѓон.

 

Вакцина против грип да или не?

Во бременоста може да се зголеми ризикот од компликации од грип како што е воспалението на белите дробови. Трудниците почесто завршуваат во болница поради компликации од грип за разлика од жените кои не се бремени. Епидемиолозите не препорачуваат вакцинирање на трудниците во првите шест месеци од бременоста поради создавање на плодот, кој грипот може да го оштети бидејќи во вакцината има умртвени делови од вирусни честички од грипот. Трудниците не треба да се вакцинираат како што децата во два наврати примаат вакцини, па потоа се ревакцинираат до деветтата година. Доколку мислите дека сте добиле грип во бременоста, најдобро е да се посоветувате со својот лекар. Настојувајте повеќе да се одморате и мирувате и да внесувате течности во организмот.

Препорачано е да се користат и витамински препарати, особено витамин Ц. Не користете лекови кои можете да ги земете без рецепт во аптека пред да се посоветувате со лекарот, некои од нив не е дозволено да ги користите во бременоста. Превенција е редовно да ги миете рацете, особено во време на епидемија, покријте ја устата со марамче ако кашлате и кивате, а истото барајте го од членовите на семејството. Ако владее епидемија од грип секако советувајте ги домашните да се вакцинираат против грип, за да ве заштитат вас и нероденото бебе.


Во зима недостига витамин Д

Витаминот Д е од витално значење за развојот на бебето. Сончевата светлина е извор на тој важен витамин кој му помага на телото да го апсорбира калциумот и да ги зајакне коските од мајката и детето во текот на бременоста, а во зима нема доволно сонце. Покрај тоа и најновите истражувања покажуваат дека во зимските бремености зголемен е ризикот од невролошки проблеми. Затоа им се советува на трудниците во зима да земаат надополнување за витамин Д. Тоа воедно е и заштита од грипот за кој исто така се препорачува дополнително внесување на овој витамин. Во секој случај за тоа дали ви треба и во која дневна количина дополнителен витмин Д во зима, посоветувајте се со својот лекар.

Најново на форумот

  • No posts to display.