Стресот во бременоста го зголемува ризикот од појава на одредени фатални аномалии. Пред се‘ зголемена е опасноста од појава на срцеви мани, дефект на нервните цевки, како и различни нивоа и форми на расцеп ( расцеп на усните, непцето и сл.). Често појавата на фатални аномалии со поврзува со факторот околина. Така од многубројните експерименти на животни е познато дека мајчиниот стрес во тек на бременоста има тератогено дејство.

До слични резултати дошле и научниците од Калифорнија, во Birth Defect Monitoring програмата. Резултатите од истражувањето покажуваат дека мајките кои биле изложени на стресни настани месец дена пред зачнувањето, односно во првите три месеци од бременоста почесто раѓале деца со одредени аномалии отколку што било случај во контролната група трудници.

Ризикот од појава на срцеви мани, дефекти на нервните цевки или расцеп, зголемен е за 40-50%, велат научниците.

Под стресни настани во оваа студија се квалификувани критични настани во животот како што се смрт на член од семејство, разделба од партнерот или губење на работа во семејството. При тоа се земени во предвид и други ризични фактори кои можат да имаат влијание на појавата на фатални дефекти како: старост на мајката, пушење, алкохол, генетски фактор и сл., но и земањето на фолна киселина како олеснителен фактор. Според студијата, стресот посебно неповолно влијае на настанувањето на фатални дефекти кај жени со понизок степен на образование, како и кај жени со нормална телесна тежина.

Генерално постојат многу можности за објаснување како стресот негативно влијае на развојот на фетусот. Помеѓу другото, познато е од литературата дека кортикостероидите во бременоста се тератогени. Освен тоа стресот доведува до интраутерин недостиг на кислород, што исто така може да има одредена улога.

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.