Некои правила кои порано важеа за бременоста не мора да значи дека и денес се важни. Оној миг кога ќе дознаете дека сте бремена и кога тоа ќе го кажете на одреден круг луѓе сите ќе почнат да ви даваат совети.

Секако дека се добродојдени советите, но некои од нив не ги прифаќајте.

 

 

Едноставно некои совети се само предрасуди и можат лесно да ги збунат идните мајки.

Прво запомнете дека бременоста не е болест и дека се‘ што ви се случува е сосема нормално и природно, освен што малку побрзо ќе се заморувате и потребно е повеќе да одморате. Тоа спаѓа во стари правила. Како ново правило треба да сфатите дека вашето тело во тек на бременоста извршува многу важна работа, затоа не можете да се однесувате како ништо да не се случува. Периодот од девет месеци е идеален да одморате кога ќе посакате и кога и да почувствувате замор, одморете се. Не заборавајте дека кога ќе се породите ќе ве чека полни раце работа, затоа уживајте додека можете.

Старото правило е дека во тек на бременоста треба да избегнувате физичка активност. Но тоа денес не важи. Доколку годините, вашето здравје и кондиција ви дозволуваат да вежбате, вежбајте во тек на целата бременост! Тоа не значи дека треба да се впуштате во сите видови вежби. Сите оние вежби кои бараат напрегање на грбните и стомачните мускули, на пример трчање, треба да се избегнуваат. Исто така избегнувајте ги спортовите кои бараат подигање терет, како во теретана, бидејќи така можете да ја повредите кичмата или да предизвикате предвремено породување. Но затоа слободно можете да ги правите сите вежби со лесно истегнување, пливање дури и лесен аеробик. Правете вежби со дишење сами дома или во група, како и вежби за зајакнување на карличниот дел, полесна гимнастика како и вежби за релаксација.

Старите правила велат дека кога сте бремена мора да јадете за двајца. Новите правила до некаде се поклопуваат со старите, но тоа не значи дека треба да ја дуплирате количината од храна. Никако не смеете да гладувате, туку обидете се даја поделите исхраната во неколку помали оброци. Секојдневно треба да внесувате намирници како млеко, јогурт, каде има доволно калциум, овошје, разновиден зеленчук во разни облици свежо или варено, од месо јадете најмногу риба или пилешко. Избегнувајте мрсна храна, грицки како и сувомесни производи. Но, иако на сите ни е познато што е здраво а што не, понекогаш послушајте си ги желбите и изедете нешто што во тој миг ви се јаде, без разлика дали се колачи или хамбургер.

И уште нешто, старите правила велат дека не треба да размислувате за килограмите. Денес не е така, бидејќи за здрава трудница доволно е да се здебелите 12 кг, мада оваа цифра не зависи и не е иста кај сите трудници бидејќи многу важна улога игра и генетскиот код. За да биде постепено добивањето килограми и верувајте дека тоа ќе го постигнете, ако здраво се храните, бидејќи ако почнете нагло да се дебелеете ќе имате проблем со отекување, болки во грбот и зголемен крвен притисок. Сето ова не значи дека треба да се ставите на диета, но намалете го внесот на храна, секако во консултација со нутриционист кој на најдобар начин ќе ја корегира вашата исхрана и ќе ве упати што е најдобро за вас и бебето.

Најново на форумот

  • No posts to display.