Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Првата симпатија, првата љубов
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Првата симпатија, првата љубов

Првата симпатија, првата љубов 21 Сеп 2010 22:39 #53904

  • Kinky
  • Вози мотор
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
Која беше вашата прва љубов и кога се случи?

Мојата прва симпатија беше во градинка
Се викаше Сашо, плаво детенце со плави очиња, го памтам како сега да е пред мене.
Си замислував дека ќе се омажам за него и си фантазирав дека чим ми се допаѓа мора "некако" да завршиме заедно за цел живот
После многу години го видов уште еднаш, беше буцко, личеше на детенцето кое ми беше првата симпатија, но не тип со кој би се омажила

После него следната љубов ја доживеав во седмо одделение, се викаше Дејан, па дури и дечко ми стана . Ме баци еднаш пред целиот негов клас и пропаднав во земја од срам
Mother is god in the eyes of a child.

Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."

Ре: Првата симпатија, првата љубов 21 Сеп 2010 23:12 #53916

  • Molly
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • Теми: 2289
Првата симпатија ми се викаше Павел, го запознав во Полска-Краков.Цело време ги терав моите да се шетаме околу неговата куќа, па планови си правев дека ќе се земеме и ќе живееме во Wawel Royal замокот (многу приказни ми читале моите )
Сега тој Павел ми е многу добар другар, доаѓа во Мк најмалку два пати годишно
Првиот дечко(Џоле) ми беше во 7 одделение, он беше постар од мене 2 години. Беше најголемиот фраер во соседното маало, свиреше бас гитара и ги имаше најубавите плави очи Заедно бевме 3-4 години и бев смртно заљубена во него.Тој е мојата прва љубов.
И ден денес сме блиски пријатели.

Ре: Првата симпатија, првата љубов 22 Сеп 2010 00:08 #53933

  • Barbie
  • Вози мотор
  • Баниран
  • Теми: 1449
Првата симпатија ми беше во 5 одделение. Се викаше Бојан. Првата љубов ми е дечко ми.

Ре: Првата симпатија, првата љубов 22 Сеп 2010 00:21 #53937

  • Bogdana
  • Вози мотор
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
Првата симпатија ми беше во забавиште.дечкото се вика Јордан(Јоцо).после во четвртто одделение ми стана дечко(ејјјј до тогаш го бркав ,јас упорна а тој не се даваше ххехехх),дека по некоја случајност се погодивме во иста учителка.и ден денес е многу убав,сеуште е ерген и е адвокат по вокација

Ре: Првата симпатија, првата љубов 30 Окт 2010 09:34 #66711

  • Mladenovska
  • Вози мотор
  • Баниран
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
Првата симпатија ми беше во 1 одд, се викаше Бојан, имаше плави очи и многу беше заљубен во мене. Каде и да одевме се држевме за рачиња, за бакнежи ни беше рано а и срам чувствувавме - па нормално тогаш бевме клинци хахаххаха . До којзнае кое одд тој ме бранеше од сите машки, да не ми се пуштаат демек да не ме земеле, абе фантазии хахаххха. Како што расневме така се спријателувавме,но имаше и искри помеѓу нас иако бакнежот никогаш не падна Па нормално, тој кога ке се обидеше јас само бегав и се некој изговор наоѓав хахахаа.
После првиот дечко ми беше 1 година средно, тоа и беше мојата прва љубов. Бевме заедно скоро 4ипол години и раскинавме од што ни се здосади и нормално после си го запознав мм- е тоа беше вистинска љубов а и остана како таква

Ре: Првата симпатија, првата љубов 30 Окт 2010 13:39 #66738

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Првата симпатија ми беше во градинка, се викаше Златко. Мнооогу си го сакав. Бидејќи бев проблематична за јадење, ги терав моите со колата да ме возат кај него низ населба Карпош во Битола за да јадам, демек да го видам

Првата љубов се викаше Игор, се запознавме на Пелистер кога завршив 8 одделение. Бевме заедно 10 дена, а после се разделивме зашто тој беше од Велес. Леле колку плачев по него, и си ветив дека ќе се омажам за човек кој што ќе се вика исто како него. И навистина, мм се вика Игор, ама не го бирав намерно така да се вика, коинциденција
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Првата симпатија, првата љубов 15 Ное 2010 19:17 #72522

  • Melody
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 3
Prvata platonska ljubov ja imav vo gradinka. Se vikase Andrej i toj me sakase mene sto uste poveke mi godese:P Simpatii postoeja i koga odevme vo sredno, ama jas se preseliv vo drug grad i nisto od nasata ljubov:( Prvata vistinska ljubov ja doziveav na 20 godini (malku pokasno, ama vredese:) ). TVRDAM deka prvata ljubov zasekogas ostanuva vo srceto, barem kaj mene e takv slucajot. Bevme premnogu isti i zatoa neizbezno bese da se razdelime. Potoa go sretnav mm i toa e toa

Ре: Првата симпатија, првата љубов 15 Ное 2010 19:22 #72523

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7259
Annabel напиша:
Првата љубов се викаше Игор, се запознавме на Пелистер кога завршив 8 одделение. Бевме заедно 10 дена, а после се разделивме зашто тој беше од Велес. Леле колку плачев по него, и си ветив дека ќе се омажам за човек кој што ќе се вика исто како него. И навистина, мм се вика Игор, ама не го бирав намерно така да се вика, коинциденција


Значи., читам и се смеам.
Првата симпатија ми се викаше Сашо. А и првата љубов исто. Иако платонска, ама стварно беше љубов а уште посреќна бев што и тој мене ме сакаше. Е тогаш бев во 5- 6 одд. Ама бидејќи бевме од различни градови, остана само тоа - платонска љубов.
И секогаш велев дека ќе се омажам за човек кој се вика Сашо.
Е да...мм се вика така

Не бе, не го бирав ни јас намерно
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Последна промена: 15 Ное 2010 19:26 Од Big Sister.

Ре: Првата симпатија, првата љубов 15 Ное 2010 19:43 #72538

  • None-bt
  • Вози мотор
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1375
pamtam deka vo gradinka imav simpatija se vikase Zoran, i toj mene me simpatizirase ama oti ja baci edna druga (demek za moj inaet) kaj go otsakav :hahaha:to e detska rabota. prvata platonska ljubov mi bese Mile, zaedno ucevme vo osnovno i toj me sakase i sakase da se fatime ama jas bev mala, pa ke ke fakav decko od 6 odd, drugi vreminja bea togas. nego go sakav 6 godini i mnogu mi e krivo sto barem ednas ne se baknavme. e po nego posle sredno go zasakav Romeo, ama za zal ne bev negova Julia. i nego si go sakav poluplatonski edno 4 godini dodeka ne se sretnav i zaljubiv vo mm.
a bre mnogu golema ljubovdzika sum jas:)

Ре: Првата симпатија, првата љубов 15 Ное 2010 19:50 #72543

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4959
Првата нјпрвата симпатија ми беше од друга држава, си пуштавме писменца во сандаче со срциња Којзнае што прави сега
Првата платонска љубов ми се случи на одмор во Улцињ, јас петто за шесто, детето беше од Титово Ужице, си пишувавме извесен период писма ама толку..
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006

Ре: Првата симпатија, првата љубов 26 Ное 2010 23:42 #78256

  • dadicka
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 10
jas nemav edna tuku tri simpatii odednas:muahaha: goran, milan, jovan i ucea so mene od 1-4 odd.
i do den denes se simpaticni, nekako ne mi se mnogu izmeneti a pominale godini, godini.....

Ре: Првата симпатија, првата љубов 27 Ное 2010 06:15 #78521

  • Strumfetka
  • Вози мотор
  • toddler
  • t.nade
  • Теми: 467
prvata simpatija mi se vikase Vlatko, od osnovno, ama nisto
zatoa so mojata prva ljubov mm sega si se sakame

Ре: Првата симпатија, првата љубов 28 Ное 2010 03:13 #78808

  • Ane-M
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 355
Првата симпатија ми беше од забавиште и се викаше Петар,беше фраерче и многу симпатичен.Живееше блиску до баба ми, мајка ми кога и да ме земеше од кај неа ја терав секогаш да поминеме од кај неговата зграда,зошто секогаш седеше пред неа.Кога пораснавме станавме и добри пријатели,дури една година беше со нас(моите другарки )на одмор и спиевме во иста соба . Но за жал не е повеќе со нас,тргна по лош пат и отиде прерано .
Е мојата вистинска и прва љубов се случи кон крајот на осмо одделение и траеше 2 години,убаво спомени поминати заедно,сеуште се сеќавам колку сум плачела ,глупава .Прекрасен дечко,моја генерација и се викаше Горан.
<a href="lilypie.com/"><img src="lb2f.lilypie.com/2AXYp1.png" width="400" height="80" border="0" alt="Lilypie Second Birthday tickers" /></a>

Ре: Првата симпатија, првата љубов 28 Ное 2010 07:44 #78925

Првите симпатии-двајца- Дики и Мики од градинка, на 3,5 години! Очигледно сум раструбила за нив на цела фамилија, зашто вујко ми до скоро ме прашуваше што ми прават Дики и Мики

Првиот дечко во 8. одделение...Никола, убав, згоден оф леле мори мајко, фудбалер - а паметен (замислете), цело школо лудуваше по него, а беше мој

Првата љубов на 17. години. Совршенство од човек во секој поглед. Но не беше вистинскиот, судбината така сакала!

Вистинскиот е мм. Љубовта на мојот живот Кога го видов сакав да биде мој цел живот, чудесна, прекрасна, луда, страстна, силна, мила, нежна љубов Отсекогаш будеше во мене чувство на топол дом полн со дечиња Господ ни даде ќеркичка и си сакаме уште
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Последна промена: 28 Ное 2010 07:49 Од Синоличка. Причина: сум подзаборавила кога била првата љубов :)

Ре: Првата симпатија, првата љубов 20 Мај 2012 07:58 #199442

  • Majsi
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5118
Prvata simpatija - ja zabaviste on vtoro odd
Prviot decko vo osmo odd, rakometar od drug grad
trtlata na mamika
  • Страна:
  • 1
  • 2
Модератори: bubamara, mamicka
Страницата беше креирана за: 1.05 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.