Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Екстерно оценување
(1 посетител/и) (1) Гостин

ТЕМА: Екстерно оценување

Ре: Екстерно оценување 20 Мај 2013 14:38 #239523

  • kalina
  • Вози мотор
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
I eve definitivno im kazale na 27 maj eksterno i toa dvata predmeta.Nie imame matematika i makedonski.Tesko na decava nasi.

Ре: Екстерно оценување 20 Мај 2013 22:32 #239537

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 08:32 #239553

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Ова со екстерново пародија станува... Ги менувале термините за полагање и денес му кажале на син ми дека математика му се поместува за цела недела понапред и дека полага идниот понеделник . И сега ај тоа ги фаќа паника, значи 7 дена помалку да се повтори материјалот, туку и им рекле дека ни ова не е конечно, дека веројатно пак ќе има измени . А си играат со деца кои и вака и така се збунети што се случува, уште и оваа несериозност. Ужас.
И пак ќе си кажам КАКВА ДРЖАВА-ТАКВО ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ!
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 21 Мај 2013 08:41 Од Octavia.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 12:53 #239566

  • anusska
  • Присутен
  • senior
  • Теми: 1155
Еве денес промена на предмети , се надевам конечна (сега англиски и природни науки).
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 14:44 #239574

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Кај нас децава до крај ќе одат втора смена во школо заради екстерното тестирање.
Аман бре државава се распаѓа заради едно тестирање.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 15:05 #239576

  • anusska
  • Присутен
  • senior
  • Теми: 1155
Страшно е, страшен е и притисокот што се прави врз децата. Често го прават и наставниците кои не знаат да се справат со сопствениот притисок. На пример наставничката по природни науки им рекла на децата кои ќе одат на екстерно теситрање по природни науки дека ќе ги испраша за целиот материјал и така ќе им ја оформи оценката, а другите ќе ги испрашува само од последната тема. Само нека го направи ова еј .
А да се потруди да подготви некој тест како за подготовка нема да и текне. Уф!
Верувам дека не е лесно на никого, но НИКАКО не смее да се дозволи децата од сево ова да го извлечат подебелиот крај.
И на нерви ми оди целиот, на некој начин, како поставен оклоп околу сето ова, како навистина да треба да биде заплашување за некого. Се' е мистериозно и непознато...
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 15:05 #239577

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
sega edna prijatelka na fb ja prochitav...decata bile na ekskurzija do sabota i imale termin nekade za dve nedli. im go smenile terminot i im zakazale sega vo ponedelnik.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 15:10 #239578

  • anusska
  • Присутен
  • senior
  • Теми: 1155
Mama Vase напиша:
sega edna prijatelka na fb ja prochitav...decata bile na ekskurzija do sabota i imale termin nekade za dve nedli. im go smenile terminot i im zakazale sega vo ponedelnik.


No comment
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 15:37 #239580

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
А да ги прашам и наставнициве што се плашат толку ако сметаат дека реално ги оцениле децата.????

Па цел притисок го префрлаат на децата. Стварно нема смисла.
Јас чекам синко да јави за промена на предметите оти преска едно девојче од негово одд. пишало смс на мајката дека и ги смениле предметите.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 17:39 #239591

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Сагата продолжува на синко му кажале денес наместо математика и англиски , да биде математика и техничко образование. Но наставниците се побуниле оти техничко образование е вештина и неможе да се полага, па сега уште не знаеме кој ќе биде вториот предмет. СРАМОТА ова што го прави министерството каша попара. Нели можеше сите деца да полагаат исто.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 19:18 #239593

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4952
Техничко е грешка која Државниот Испитен центар треба да ја корегира. Невидена паника се крена со ова екстерново и настана вистински хаос, посебно кај децата и родителите. Најтрагично е што никој незнае убаво да објасни што и како . Термините се испомешаа, финално ни за предметите не се знае, сите се во паника. И незнам како оценката ќе стои во сведителството, на 10ти јуни е последното полагање, после се советите а сведителствата се стандардни, сега и тоа ќе треба да се менува...
И јас како анушка No comment
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 08:25 #239614

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
na kanal 5 odi otvorena emisija i se zboruva za eksterno testiranje.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 08:55 #239620

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Наставнициве сега пробуват на секој начин да се заштитат, некои почнале отворено да им кажуваат на децата дека за крај на година ќе им ја ставеле истата оценка како што ќе добијат на екстерното, не сакале да си прават проблеми... Нели имаше некое правило дека оценката мора да ја заклучат пред екстерното тестирање? Вака ова тестирањево станува се, само не утврдување на објективноста на наставникот... А бе ништо да не сме можеле да спроведеме како што треба, што држава ќе бевме?!

И друга работа, ако веќе има есктерно, јас сум најмногу за тоа да има 4 тестирања годишно, прво тромесечие, полугодие, трето тромесечие и едно на крај, така ќе биде многу пореално и плус ќе имаат 4 оценки за споредување со оние на наставниците. Ова навистина на ништо не личи, од пародија во бурлеска преминува полека.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 09:21 #239623

  • anusska
  • Присутен
  • senior
  • Теми: 1155
Octavia напиша:

И друга работа, ако веќе има есктерно, јас сум најмногу за тоа да има 4 тестирања годишно, прво тромесечие, полугодие, трето тромесечие и едно на крај, така ќе биде многу пореално и плус ќе имаат 4 оценки за споредување со оние на наставниците. Ова навистина на ништо не личи, од пародија во бурлеска преминува полека.


Е баш овој муабет и јас го правев вчера. Сега гледам се размрдаа родителите секаде, се свикуваат состаноци совети на родители по училиштата со цел да се реагира во врска со екстерното оценување, но не знам за какви реакции станува збор.
Пак ќе кажам, мислам дека сите инцијативи требаше да се пројават порано, а не кога е практично завршен чинот.
Но исто така сметам дека надлежните институции требаше навремено да дадат детални нформации околу начинот на изведување на екстерното оценување и целите за спроведување на истото, за да не се случува она што сега се случува.
Моментално е хаос и паника во главите на сите, деца, наставници и родители.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 09:41 #239625

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Мислам дека родителите сега реагираат затоа што во последен момент се менуваат премногу работи, што е многу несериозно за проект со таква важност. До пред некое време јасен беше ставот дека екстерното оценување служи за проверка на објективноста на наставникот и дека нема да влијае на успехот на учениците, освен во случај кога оценките се разликуваат за 2 или повеќе оценки. И одеднаш изникнува ставот дека прво ќе се внесуваат во свидетелство, ама како показател, а потоа и дека и ќе се внесуваат во свидетелство и ќе се пресметуваат во просекот на ученикот. А како капак на се, никој не знае конкретни предмети на кој начин се полагаат, на пример дали математика се теории, дефиниции или задачи или сѐ од наброеното. Тоа не е мала разлика. Дури и на факултет математика писмено се полагаат задачи, а на усно има докажување теореми и сл. А ова што се направи хаос со термини и предмети не помага за целосната слика за намената на предметот. И уште изјавата дека „Екстерно оценување ќе има според планираното, а потоа ќе се утврдуваат пропустите од истото“ мене ми е многу несериозна. Прво ќе им ја запечатите судбината на некои деца кои нели деца се, може и од страв и од трема да кикснат, а ќе им ја намалите можноста потоа со тие оценки да се запишат во некое средно, ама затоа сте многу фер па откако ќе решите цели генерации вака одеднаш, на купче, ќе видите каде се пропустите. И нивните пропусти никој нема да ги санкционира, ако се на ниво на држава и ако ова се спрема со години (очигледно недоволно), ама затоа евентуалните пропусти на децата ќе си бидат дебело казнети. Мислам дека тоа е најголемиот проблем. Тоа што цело време зборат за ова, ама не кажуваат ништо конкретно од она што ги засега децата и родителите, туку се фаќаат за техничката реализација, веројатно во недостаток на концепт и на слух за она што е навистина проблем со тестирањево. Како и за сѐ, се однесуваат како да не живеат тука и како ништо да не ги допира.
едит: Колку се несигурни самите се гледа и од фактот дека иако имаше барања, во нашето училиште НЕ ДОЗВОЛИЈА родителски средби и било кажано „Одете си во МОН, па таму бунете се“.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 22 Мај 2013 09:42 Од Octavia.
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 0.67 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.