Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Стручни совети од областа на кардиологијата
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Стручни совети од областа на кардиологијата

Стручни совети од областа на кардиологијата 23 Сеп 2010 02:48 #54281

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7262
Одговор на сите ваши прашања од областа на кардиологијата ви дава


Dr.sci med. Maрина Јуруковска-интернист кардиолог,
од Клиничка болница „Систина„
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Последна промена: 23 Сеп 2010 02:49 Од Big Sister.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 22 Ное 2010 03:58 #75370

Livefree напиша:
Doktorke sto bi mozelo da znaci pokacena voltaza na levata komora. Na internet najdov deka obicno go pokazuva toa kaj slabi luge. So ogled deka jas sum duri i preslab dali bi mozelo da e toa, visok sum 180 a tezok samo 58 kilogrami. Graden sum atletski. Blagodaram


Ако ви кажале дека електрокардиограмот ви е уреден, тогаш се е во ред.
Претпоставувам дека ви кажале дека имате повисоки Т бранови на електрокардиограмот.Можда хипертрофија на левата комора.
Напишете дали сте имале некакви срцеви потешкотии или ЕКГ сте правеле во склоп на редовен систематски преглед.дали имате можда покачен крбен притисок. Дали сте правеле другикардиолошки испитувања? Пишете ми да знам за што точно се работи.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 22 Ное 2010 04:00 #75372

Sneze_TS напиша:
Баш ми е драго што конечно има и од оваа област некој да ни помогне. Поздрав до Вас, имам 32 год., пред 2 год. се породив со прво дете и од тогаш имам страшни проблеми со аритмија. Уште во бременоста почна да ми се качува притисокот 160 со 100, а од третиот ден по породувањето (по природен пат) почна да ми се лоши, односно имав вртоглавици, прескоци на срцето кое допринесе да ми се создаде страв дека со мене нешто не е во ред. После 3 месеци трчање на лекар, конечно на ЕКГ успеаа да уловат дел од ткн. Екстра Систул и ми дадоа Атенолол да пијам еден месец. Ми се намали и аритмијата, но се намали и брзината на чукање на срцето. Од тогаш постојано ми се појавуваат тие неправилни отчукувања на срцето и после сите можни испитувања, каде ми рекоа дека немам ништо, завршив на психијатар. Луќето не сакаа едноставно да сватат дека навистина имам проблем и ми дадоа Деметрин и Асентра. Пиев 8 месеци, се чувствував подобро и прекинав. За жал стравот кој ми е влезен ми се појави повторно и повторно почнав со истата терапија. Сега после 10 месеци пиење Асентра, помалку, но ги чувствувам одвреме на време. Ме интересира што би можело да ја предизвика аритмијата и колку е опасна? Дали треба да се плашам: Да напоменам дека сум пушач. Ви благодарам.


Забрзана срцева работа , како и прескоците во срцевата работа (екстрасистоли)не се должи секогаш на постоење на срцево заболување. Некогаш може едноставно да се јави после некоја стресна состојба или континуирен премор. Многу е важно да се разграничи дали постои аритмична срцева работа, или срцевата работа е само забрзана и има екстрасистоли, затоа што терапискиот пристап е сосема различе. Кај вас највероватно се работи за појава на екстрасистоли, а не на аритмија, но сепак неможам да бидам сигурна без да го видам вашиот електрокардиограм. Би ви предложила да повторите лабораториска анализа, во колку е со постар датум (забрзана работа на срцето може да се јави ако постои слабокрвност), а исто така да направите контрола на тиреоидната жлезда, која исто така може да даде ваква симптоматологија. Пишете ми дали сте направиле ехо на срце и каков е резултатот. Ако н е сте направиле, обавезно да направите, затоа што тоа е многу значајно испитување кое ќе ни покаже дали има некое заболување на срцето. Ако сте ги направиле сите потребни испитување и резултатите се добри, што искрено се надевам, треба да се натерате на повеќе физичка активност (пешачење, возење точак и т.н.) да ја регулирате телесната тежината (ако има потреба за тоа), а и доколку е возможно да избегавате стресни ситуации. Секако многу ќе направите за своето здравје ако престанете да пушите цигари. Не сте напишале дали сеуште имате покачени вредности на крвниот притисок. Откако ке ги направите иследувањата што ви ги напишав, ако ги немата досега направено се надевам дека повторно ке ми пишете за да се договориме за евентуален натамошен третман.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 22 Ное 2010 04:22 #75375

Mladenovska напиша:
Добро е што ја има и оваа тема. Докторке јас одкако се породив пред 2 ипол години, постојано имав проблеми со притисокот,постојано главата ме болеше, постојнао ми се спојуваа притисоците, реацете ми се мрзнеа а срцетоцуствував како ке ми летне од телто. Бев на сите испитувања во државна болница на Неврологија, се беше во ред само снимката на главата ми покажа искривени линии на десната страна - тој период не бев стабилна, ако замижев паѓав на десната страна. Ми открија стеснета артерија на десниот дел од вртаот и Арахноидална циста на задниот дел од мозокот. Ме лекуваа една недела на неврологија, но истите симптоми со срцето ми останаа. Пред еден месец почна многу силно да ми чука - ми прескокнува, а некогаш чувствувам како да имам и аритмија.
Во последен период бев под јак притисок, и многу нервозна пиев Хелекс и Депродел. Престанав да ги пијам ама повторно сум многу напната и повторно срцето силно ми чука.
Се мислам дали ми се од нервоза, напнатост, стрес или е некоја друга причина, ако можете одговорете ми - Однапред ви благодарам !!!


Ве молам да ми напишете на која артерија е стеснувањето? Најдобро ако можете да ми го напишете резултатот, да за знам за што точно се работи. Дали освен на Неврологија, направивевте испитувања и на Кардиологија. Дали ви дадоа некаква терапија? Ке го повторам истото и за вас дека забрзана срцева работа , како и прескоците во срцевата работа (екстрасистоли)не значат секогаш дека има срцево заболување. Некогаш може едноставно да се јави после некоја стресна состојба или континуирен премор. Многу е важно да се разграничи дали постои аритмична срцева работа, или срцевата работа е само забрзана и има екстрасистоли, затоа што терапискиот пристап е сосема различен. Дали сте слабокрвна, дали сте направиле испитување на тиреоидната жлезда и дали ви направиле ехо на срцето? Пишете ми ги резултатите ако сте ги направиле ови испитуваења. Дали уште имате проблем со притисокот? Дали земате терапија? Дали сеуште правите контроли на неурологија?
(прочитејте го и одговорот што и го напишав на Снеже). Поздрав и ве очекувам да ми пишете повторно.
Темата е заклучена.
Следниве корисници изразија благодарност: Mladenovska

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 29 Ное 2010 08:10 #79323

Sneze_TS напиша:
Da,imam se od ispituvanja napraveno,nekolku pati eho na srce,koe se pokaza kako dobro,potoa ispituvanja na tiroidnata zlezda,koe isto taka bese vo granici na normala,stres test-ne go izdrzav do kraj ama sepak bese dobar.Tezinata pred da ostanam bremena mi bese 55 kg.,a sega imam 67 kg.Bremenosta mi bese isto taka opkruzena so stresni situacii koi jas gi dozivuvav na nekoj nacin.Od sto bi mozelo da bide ovaa pojava,navistina ne mi e jasno,da bidam zdrava 30 god. i naednas preku nok mi se menuva zdrastvenata sostojba.Vi blagodaram odnapred doktorke za vnimanieto.Pozdrav!


Ме радува тоа што сте ги направиле сите испитувања и резултатите се уредни, односно не е најдено заболување на срцето.
За жал, стресот често може да биде причина за симптомите кои вие ги имате. Се надевам дека ке најдете начин да ги одбгнувате стресните ситуации или да не дозволувате тие да ви го нарушуваат здравјето. Се надевам дека се ке биде во ред ако најдете време за себе, за пешачење, јога, фитнес и слично што ке ве релаксира и ослободи од стресовите, кои на жалост се секојдневен дел од животот. Ако сепак симптомите не се смируваат треба уште еднаш да направите комплетен кардиолошки преглед .
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 29 Ное 2010 08:11 #79324

kiki-riki напиша:
докторке ке ве молам да ми објасните од кои прицини се вградува стент и какво влијание це има истиот на понатамосниот зивот?


Срцето е органот кој игра главна улога во телото на човекот, бидејќи е одговорен за протокот на крвта низ органите и клетките во организмот. Но и самото срце треба адекватно да добива крвоснабдување, односно кислород за да може нормално да функционира. Срцевиот мускул се исхранува од коронарните крвни садови. Кога ќе настане комплетно запушување(оклузија) на дел на коронарната циркулација настанува инфаркт на срцето со сите последици што тој ги носи. Кога има делумно запушување на дел од коронарните крвни садови(дијагностицирано со коронарографија)се вградува стент на тој дел, со што се отвара крвниот сад, се спречува натамошно стеснување на луменот и се спречува настанување на инфарктот. Што се однесува до влијанието на стентот на натамошниот живот, може да се продолжи со сите нормални активности во животот, со редовно пиење на препишаната терапија.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 05 Дек 2010 22:22 #83248

idna majka напиша:
Ве молам совет за покачен холестерол, но тоа да не е диета, кој лек во праксата се покажал како најефикасен зошто за најчесто даваниот лек кај нас сум читала мн негативни искуства. Ви благодарам


Покачените вредности на холестерол во крвта е значаен фактор на ризик за појава на коронарно срцево заболување (запушување на крвните садови кои го хранат срцето)и појава на инфаркт на срцето.Препорачаните вредности кои треба да се постигнат зависат од тоа во која ризична група се наоѓате, односно колку фактори на ризик имате, фамилијарна предиспонираност и дали имате докажана коронарна артериска билест или шеќерна болест. Но сепак вредностите на вкупниот холестерол треба да бидат помали од 5 mmol/l, а вредностите на LDL хилестеролот помали од 3 mmol/l.Најмоќни лекови за регулираље на холестеролот во крвта се статините(симвастатин, атеровастатим, флувастатин, росувастатин).
Дозата зависи од вредностите на холестеролот и колкав е вашиот ризик за појава на болеста.
Лекот и дозата треба да биде препишан од стручно лице по направено испитување, а исто така и следење на ефикасноста и појавата на евентуални штетни ефекти на лекот.
Но сепак земањето на лек не го исклучува и соодветниот начин на исхрана.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 05 Дек 2010 22:38 #83255

Nin напиша:
Dokotorke imam ekstrasistoli i bremena sum. Ekstrasistolite mi rekoa i internist i gastroenterohepatolog deka mi se od gastritisot koj me macese pred bremenosta. Imav nekolku cira na teno crevo. Znaci spored niv nemam srcevo zaboluvanje. Dali sepak poradi dodatnoto optovaruvanje na srceto vo bremenosta treba da napravam nekoi ispituvanja?
Dali treba da napomenam pred poroduvanje na anesteziologot deka imam ekstrasistoli? Ima li toa nekakvo vlijanie vrz izborot na anesezijata? Blagodaram odnapred.
е

Екстрасистолите не се секокаш предизвикани од заболување на срцето.
Една од причините може да биде проблем со желудникот.Ви препорачувам да не земате пообилни оброци, него да јадете почесто и помали оброци.
Треба да проверите дали сте слабокрвна, да ја проверите функцијата на тиреоидната жлезда, но сигурно дека треба да направите кардиолошки преглед кој ќе вклучи и ехо на срцето.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 12 Дек 2010 05:18 #86990

lila напиша:
Doktorke, koi se predznaci za infarkt?Moze li da sprecam da se sluci ako veke si prepoznavam nekoi znaci koi jas mislam deka se predznaci na infarkt? Imam 30 godini i edno mnogu hiperaktivno i ragaleno dete. Go odgleduvam sama, so soprugot ( koj e po cel den na rabota bidejci samo toj raboti). Znaci nemam pomos i nemam moznost da se relaksiram. Togas mi ostanuva da pijam nesto ili? So napomena deka ne mozam nitu na doktor da otidam bidejci dreba i deteto da go nosam so mene, a toa e nevozmozno!Blagodarm


Вие сте премногу млада за да се плашите дека мозе да добиете инфаркт. Жените до менопаузата се заштитени со хормони и на таа возраст многу ретко имаат инфаркт. Можно е, но ретко.
Симптомите кои покажуваат дека има коронарна болест(делумно запушување на некој дел на коронарните крвни садови кои го исхрануваат срцето)се градна болка која најчесто се јавува при напор,а се смирува во мир. Кога одредениот крвен сад комплетно ќе се запуши тогаш настанува инфаркт на делот на срцето кој тој крвен сад го исхранува.
Сепак мислам дека према тоа што сте го напишале вие сте преморена и симптомите кои ги чувствувате не се предзнаци за инфаркт. Се надевам дека сепак ќе најдете начид да одвоите малку време за себе и да се одморите.
Ако и понатаму не се чувствувате добро, опишете ми какви се точно вашите симптоми.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 20 Дек 2010 05:08 #91420

eleonorastrumica напиша:
Почитувана докторке

Ме интересира јас сум бремена 8 недела и чувствувам забрзено работење на срцето кое трае само неколку секунди,тоа го имав почуствувано и пред да останам бремена,ми се случуваше барем еден пат во неделата,имам 24 години,не сум пушач,не пијам кафе и алкохол,сум била на лекар и не ми имаат откриено ништо,но кога ми се случува јас сум премногу исплашена.

Однапред ви благодарам


Забрзана работа на срцето може да се јави од повеќе причини и не е секогаш поврзано со заболувење на срцето. Трабе да проверите дали сте слабокрвна, да ја проверите функцијата на тиреоидната жлезда и да отидете на кардиолог кој ќе ви каже кои кардиолошки испитувања треба да се направат.
Последна промена: 20 Дек 2010 05:08 Од D-r Marina Jurukovska.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 11 Јан 2011 04:33 #100613

Livefree напиша:
Докторке, имав ехокардиограм неодамна, и ми беше уреден. Така ми рече докторот. Дека секое Екг ке ми вади неправилности бидејки сум слаб и срцето ми е завртено како капка. Инаку во наодот освен што пишува дека се е добро, забележав нешто од типот. "Елонгирама митрална валва, и нешто помобилен ПМЗ ( ова претпоставувам дека е прстен на митралнииот залисток, барем така пребарував на нет ) без функционални испади. Докторот ми рече дека немам проблеми со срцето и дека требе да продолжам да спортувам колку што е можно повеке, Воедно имам и висока респираторна синус аритмија, дали таа прави некакви проблеми. Понекогаш кога ке се изнервирам, возбудам, ми се одзима воздухот и чувството е ужасно, како удар во градите кој ти го одзема воздухот. Благодарам
да напоменам имам само 19 години и бев активен спортист до скоро


Респираторната синусна аритмија не претставува патолошка состојба, него е само варијанта на нормален синусен ритам. најчесто се јавува кај млади особи и спортисти.
Елонгирана митрална валвула и помобилен преден митрален залисток, исто така не е патолошка состојба. Најчесто се јавува во склоп на конституција, високи, послаби особи. Ако нема митрална регургитација(според вашиот опис нема)можете да бидете спокојни. Можете слободно да продолжите со спортување и колку е можно да избегнувате стресни ситуации
Темата е заклучена.
Следниве корисници изразија благодарност: Livefree

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 04 Фев 2011 20:54 #109056

macko3 напиша:
Doktoreke pred 3 dena bevme da primime vakcina i koga go slusaa so slusalici rekoa deka ima sum na srceto toa go utvrdija duri sega na 5 meseci a i pred toa mu pravea pregledi koga go nosevme nisto ne spomnaa deka ima sum na srce nebilo nisto strasno se rabotolo za nekoi dupcinja na srceto koi sto uste nebile zatvoreni
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.


Со оглед на тоа дека вашето дете е неколку месеци треба да се обратите на педијатар-кардиолог.
Мој совет е да направите ехо на срцето, за да се види за што точно се работи.
Последна промена: 21 Фев 2011 21:12 Од Big Sister.
Темата е заклучена.
Следниве корисници изразија благодарност: macko3

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 21 Фев 2011 21:06 #115347

mirjana напиша:
Zdravo pozdrav do vas..
Sakam da ve prasam vo vrska so srceva aritmija. Imam decko 25 godini (pusac) i ima povremeni vecerni bienja na srceto koi mu traat i poveke od eden cas. Pulsot na srceto dostignuva i do 230, a pritisokot e normalen...Dali moze da mi kazete koja e pricinata a toa i kade da se obratime za pomos, bidejki nekolku pati odi kaj kardiolog i ima praveno stres- test i pokazuva deka nema nikako problem

ODNAPRED VI BLAGODARAM ..

Претпоставувам дека вашиот дечко има пристапи од синусна тахикардија. Тоа е ритам кој што потекнува однормалниот предбодник на срцевите импулси, сино-преткоморниот јазол. Кога срцевата фреквенција(во мир) е поголем од 100 удари во минута, значи дека има синусна тахикардија. Најчесто синусната тахикардија има фреквенција од 100-160 удари во минута, но можно е да достигне до 200-220 удари во минута. Во овој слушај треба да си види на електрокардиограм за што точно се работи. Единствено на екектрокардиограм може да се види дали се работи за синусна тахикардија или можда има некое ектопично жариште од каде започнуваат срцевите импулси. Треба да се постави холтер за 24 часовно мониторирање на срцевиот римам, или да се направи ЕКГ во најблиската амбуланта кога ќе се јави пристапот. Во меѓувреме вашиот дечко нека направи проверна на крвна слика, контрола на тиреоидна жлезда, а секако да се обиде да ги остави цигарите. Потоа, треба повторно да се направи консултација со кардиолог.
Последна промена: 21 Фев 2011 21:13 Од Big Sister.
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 13 Јун 2011 09:20 #141302

  • vesnicka
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 648
Здраво. Пред 7-8 години на сопругот му е дијагностицирана хипертрофија на срцето ( веројатно како последица на висок крвен притисок ). Притисокот му е регулиран со секојдневно земање на атенолол 50 мг. Активен планинар е - секојдневно пешачи на Водно. Она што не е позитивно е што е пушач. Холестеролот му е на граница некогаш за единица над границата. Моето прашање е дали е состојба која треба будно да се следи или не е воопшто опасна? И уште едно прашање дали постои можност хипертрофијата која еднаш настанала да се повлече?
Однапред благодарам на одговорите. Поздрав!
Темата е заклучена.

Ре: Стручни совети од областа на кардиологијата 07 Авг 2011 07:55 #147336

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
ZDravo doktorke ,ke ve molam za eden sovet,neznam kade da prasam za toa megutoa znaete vie koj bi mozel da mi dade sovet a mozebi ste tokmu vie.Blagodaram i sakam da ve prasam:Mojot tatko postojano ima ikavica na sto se dolzi toa i dali moze da dojde do ostetuvanje na srceto?pozz
Темата е заклучена.
  • Страна:
  • 1
  • 2
Модератори: Tessi, bubamara, mamicka, Molly, Zoja
Страницата беше креирана за: 0.93 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.